Достапни линкови

Расте бројот на загинатите во борбите во Јемен


Спасувачките екипи предупредија на хуманитарна криза поради интензивирање на жестоките борби во јеменското пристаниште Аден и воздушните напади на сојузниците предводени од Саудиска Арабија. Светската здравствена организација соопшти дека најмалку 560 луѓе биле убиени, скоро две илјади ранети, а околу 100 илјади биле принудени да ги напуштат домовите поради борбите меѓу шиитските Хути бунтовници и силите лојални на претседателот Абд Рабо Мансур Хади. Хути бунтовниците кон крајот на минатата година го освоија главниот јеменски град Сана, принудувајќи го претседателот Хади да избега во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG