Достапни линкови

ЕУ реакција на изјавата на Рама за обединување на Албанците


 албанскиот премиер Еди Рама

албанскиот премиер Еди Рама

„Западен Балкан има јасна европска перспектива, утврдена од Европската унија на највисоко ниво. Сите партнери во регионот сами ја потврдија таквата определба, како и решеноста да се исполнат потребните стандарди на Унијата. Сите провокативни изјави се неприфатливи“. Ова се наведува во реакцијата на Маја Коцијанчич, портпарол на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, како реакција на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама во врска со обединувањето на Албанците во регионот. Рама, во разговор за телевизијата „Клан Косова“ изјави дека обединувањето на Албанците од Албанија и од Косово е неоспорно. „Прашање е како тоа ќе се случи. Дали во функција на Европската унија како еден природен процес со разбирање на сите или ќе се случи како реакција на европското слепило. Тактичка Европа ќе придонесе кон тоа да не остануваат други можности освен една, обединување кое ќе биде во функција на идната Европа“, изјави Рама.

XS
SM
MD
LG