Достапни линкови

Грчкиот премиер Ципрас во Москва


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува денеска во Москва да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Оваа посета предизвика големо внимание со оглед на критиките на грчкиот премиер на санкциите на Европската унија против Русија и тензиите околу финансиските проблеми на Грција. До посетата доаѓа во време кога Атина преговара со меѓународните кредитори за нова транша пари од пакетот за спасување на Грција од банкрот. Премиерот Ципрас изјави дека Грција би можело да биде мост меѓу Западот и Русија при што како предности ги наведе: „заедничките корени, заедничката борба, заедничката вера и култура“. Руските медиуми шпекулираат дека Москва ќе и понуди на Атина поевтин гас и нови заеми.

XS
SM
MD
LG