Достапни линкови

logo-print

АИ-Авганистан не ги штити женските активисти


Амнести Интернешнел соопшти дека авганистанските власти не успеале да ги заштитат женските активисти, односно ги оставиле да бидат ранливи на закани, сексуални напади и атентати. Во извештајот објавен денеска е наведено дека најголем број од заканите доаѓаат од талибанците и вооружените опозициски групи, но исто така и од претставниците на властите. Според организацијата, меѓународната заедница многу малку прави за да ги заштити тешко стекнатите права на авганистанските жени во минатата деценија.

XS
SM
MD
LG