Достапни линкови

Попоски на министерски состанок за енергетска стабилност


Министерот за надворешни работи, Никола Попоски

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во Будимпешта учествуваше на министерски состанок посветен на прашања за енергетската стабилност во Регионот на Централна и Југоисточна Европа. На состанокот беа и министрите за надворешни работи на Унгарија, Грција и Србија и министерот за ЕУ прашања на Турција.

Попоски изјави дека состанокот завршил со два клучни заклучоци. Првиот е воспоставување техничка група која ќе ја разгледа економската оправданост и можноста за изградба на гасовод, кој би носел гас од Турција, преку Грција, Македонија, Србија до Унгарија и централно- европските пазари. Вториот заклучок, според Попоски е поврзан со натамошен механизам за следење, дали доколку таа можност се појави би можеле да настапат заеднички за мобилизирање на финансиски фондови.

XS
SM
MD
LG