Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ-Кривичните пријави на СДСМ се правно неосновани


Од ВМРО ДПМНЕ денеска реагираа на кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе против Сашо Мијалков, директор на УБК, Светлана Костова, судијка во Вишиот Управен суд и Хаим Хакијни, странски државјанин. Во соопштението е наведено дека и оваа пријава која ја поднесува СДСМ, како и претходните е правно неоснована.

Нивната цел, се посочува во реакцијата, е да се правдаат себе си низ пријави кои ги поднесуваат мислејќи дека бројката е поважна од правната аргументација и доказите. Од ВМРО - ДПМНЕ им порачуваат на СДСМ да не се надеваат дека со вакви тужби, кои ни студент од прва година не би ги напишал, ќе може да се пазарат и манипулираат со јавноста.

XS
SM
MD
LG