Достапни линкови

СДСМ со кривични пријави за Мијалков, Костова и Хакијни


Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

СДСМ до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска поднесе кривична пријава против Сашо Мијалков, директор на УБК, Светлана Костова, судијка во Вишиот Управен суд и Хаим Хакијни, странски држaвјанин. Според СДСМ тие се инволвирани во случајот со набавка на опрема од Израел, а кривичните дела за коишто е поднесена пријавата се примање и давање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување.

Во соопштението на СДСМ е наведено дека со дејствијата на тројцата осомничени била нанесена штета на Буџетот на Македонија од големи размери, којашто дополнително треба да се утврди.

XS
SM
MD
LG