Достапни линкови

Музејските депоа импровизирани, археолозите прогласени за криминалци


Илустрација.

Илустрација.

Од македонското археолошко друштво посочуваат дека депоата во македонските музеи се импровизирани простории коишто не ги исполнуваат основните стандарди и наместо да ја обезбедуваат, ја загрозуваат безбедноста на музејските предмети и на кустосите коишто работат со нив.

Археолозите не се криминалци, порачува македонското археолошко научно друштво во одбрана на нивните колеги кои минатиот месец беа осудени на казна затвор од 3 до 6 години за наводно несовесно работење и постапување со депоата на Музејот на Македонија, од каде во 2013 година беа украдени 162 артефакти од непознати сторители, а крадците сè уште се на слобода.

„Тие беа дел од тимовите или раководители на тимовите што го открија тоа културно наследство, коишто од разни археолошки локалитети го донесоа тука во Музејот, го документираа, го сместија во музејските депоа, потоа истото тоа културно наследство беше дел од неколку изложби, дури и меѓународни и кога се случи кражбата беа обвинети раководителите. Притоа кај обвинетите не се најде ниту еден доказ, ниту едно парче археолошки материјал, ниеден артефакт за да може да се тврди дека тие се сторители на кражбата.

Археолозите и другите музејски работници низ земјава порачуваат дека македонската археологија не претставува копање, крадење, продавање и отуѓување на националното археолошко богатство и дека таа не треба да се изедначува со несовесното работење или со какво било друго злоупотребување на службената положба на вработените во музејските институции, Универзитетот или во Министерството за култура.

Претседателот на Македонското археолошко научно друштво, Марјан Јованов, вели дека од една страна во земјава на сила се несреќни, неевропски и неспроведливи законски решенија, кои се однесуваат на културното наследство и неговата заштита, а од друга страна, пак, буџетските средства за заштита на културното наследство варираат со брзина од 0 до 100 и назад до 0, во целосна неусогласеност со институционалните капацитети и потреби.

Прашање е како ги штитиме и оние вредности кои се веќе експонирани во музеите. Таму каде што се оставени на терен, ситуацијата е катастрофално лоша, меѓутоа не е подобра ниту во депоата, ниту во музејските збирки.

„Сè додека жестоко се казнуваат музејски установи и нивни вработени, без да се постави елементарното прашање од страна на креаторите на ваквите закони, како е можно сите музеи во оваа држава во долга низа години да грешат на ист начин, сè додека нема јасно дефинирана стратегија за заштита на културното наследство, сè дотогаш ќе остане горчливиот факт дека, наместо вистинските виновници, на обвинителната клупа се наоѓа самото културно наследство: понижено, незаштитено, изнесено преку граница, украдено секогаш од непознати сторители“, вели Јованов.

Тој ја оценува пресудата како неправедна и бара од институциите да ги пронајдат вистинските виновници и враќање на артефактите во Музејот.

„Тие беа дел од тимовите или раководители на тимовите што го открија тоа културно наследство, коишто од разни археолошки локалитети го донесоа тука во Музејот, го документираа, го сместија во музејските депоа, потоа истото тоа културно наследство беше дел од неколку изложби, дури и меѓународни и кога се случи кражбата беа обвинети раководителите. Притоа кај обвинетите не се најде ниту еден доказ, ниту едно парче археолошки материјал, ниеден артефакт за да може да се тврди дека тие се сторители на кражбата“, вели Јованов.

Археолозите велат дека постои страв кај нивните колеги од можни последици на нивните работни места поради јавното повикување да се најдат вистинските сторители, но се надеваат дека нема да трпат натамошни репресии.

Донка Барџиева Трајковска од Центарот за заштита на културното наследство неодамна изјави дека токму најголемата кражба досега на артефакти укажува на проблемите со чувањето на македонското културно наследство.

„Прашање е како ги штитиме и оние вредности кои се веќе експонирани во музеите. Таму каде што се оставени на терен, ситуацијата е катастрофално лоша, меѓутоа не е подобра ниту во депоата, ниту во музејските збирки“, вели таа.

Од македонското археолошко друштво посочуваат дека депоата во македонските музеи се импровизирани простории коишто не ги исполнуваат основните стандарди и наместо да ја обезбедуваат, ја загрозуваат безбедноста на музејските предмети и на кустосите коишто работат со нив.

Кражбата на артефактите од Музејот го покрена вниманието на јавноста за начинот на кој се заштитува македонското културно наследство. И по речиси две години од кражбата, сторителите сè уште се на слобода. Но, во затвор се седуммина вработени во Музејот, поради, како што се вели во обвинението, несовесно работење и постапување со депоата во Музејот, по што дошло до кражбата.

Покрај на поранешниот директор Перо Јосифовски, затворска казна од 6 години и 8 месеци му е изречена на Златко Видевски, Софка Кушовска е казнета со 3 години, Јован Кондијанов е казнет на 3 години, а Дарко Кржовски, кој беше на функцијата директор на Музејот и Андреј Ежов добија по една година затвор.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG