Достапни линкови

Ископувања на масовни гробници во Ирак


Градот Тикрит во Ирак.

Градот Тикрит во Ирак.

Ирачките форензички тимови го започнаа ископувањето на 12 локации на кои се сомнева дека има масовни гробници на околу 1700 војници убиени од милитантите на Исламската држава во градот Тикрит. Ископувањето започна денеска откако владините сили воспоставија контрола врз градот. Според тестови на ДНК ќе биде откриен идентитетот на војниците, откако нивните тела ќе бидат ексхумирани. Војниците беа убиени во јуни минатата година.

XS
SM
MD
LG