Достапни линкови

СДСМ-Кривична пријава за градоначалникот Талески


Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.

СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Битола, Владимир Талески и непознат сторител. Кривичната пријава, според партијата произлегува од конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија за работата на општината за 2011 година. Од СДСМ наведуваат дека со против законското трошење парични средства од буџетот на општината направена е вкупна штета од 15.299.000,00 денари.

Од партијата наведуваат дека станува збор за исплата на средства без донесување годишен план и програми, исплата на надоместоци и средства спротивно од Законот за државни службеници и Законот за локална самоуправа. Од СДСМ очекуваа обвинителството во Битола да преземе активности согласно неговите должности утврдени со закон.

XS
SM
MD
LG