Достапни линкови

Ердоган пристигна во Иран


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Иран, каде ќе има серија средби со претставници на власта. Посетата доаѓа и покрај неодамнешните тензии меѓу соседните земји поради воената операција предводена од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници во Јемен.

Ердоган јавно ги поддржа воздушните напади против бунтовниците за разлика од Иран кој е на нивна страна и ја обвини земјата дека се обидува да доминира во регионот. Техеран негира дека им дава воена помош на бунтовниците во Јемен.

XS
SM
MD
LG