Достапни линкови

Бистата на Сноуден отстранета од парк во Њујорк


Едвард Сноуден

Едвард Сноуден

Група уметници поставиле биста на поранешниот агент на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден во еден парк во Њујорк, но градските власти набрзо ја отстраниле. Неименуваните уметници соопштија дека бистата на Сноуден била поставена кај споменикот на 11 илјади затвореници кои страдале за време на американската војна за независност како симбол на идеалите за слободен живот, а не живот под контрола на сопствената влада. Сноуден пред две години објави детали на повеќе програми за масовно прислушување граѓани. Тој е обвинет за шпионажа и живее во егзил во Русија.

XS
SM
MD
LG