Достапни линкови

Обама вети заложба за иранската улога во регионот


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе работи со сојузниците со цел да се справат со дестабилизирачките активности на Иран на Блискиот Исток. Ова, како што соопшти Белата куќа, тој го изјавил во телефонски разговор со султанот на Оман. Повеќето арапски земји го обвинуваат Иран дека ги поттикна борбите, особено во Јемен, со цел да го дестабилизира регионот. Во изминативе денови Обама ги покани лидерите на земјите од Персискиот залив да дојдат во Вашингтон на разговори за рамковниот договор за иранската нуклеарна програма што беше постигнат во минатата недела.

XS
SM
MD
LG