Достапни линкови

Заев - Груевски глуми патриот, а лично се испазарил за хашките случаи


Заев - Хашките случаи го разоткрија лажниот патриотизам
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:44 0:00

Заев - Хашките случаи го разоткрија лажниот патриотизам

Претседателот на СДСМ Зоран Заев објави нови нелегално снимени телефонски разговори, кои, како што рече, докажуваат дека лично премиерот Никола Груевски ја договорил амнестијата на хашките случаи.

По предвремените парламентарни избори и составувањето на новата влада во 2011 година, премиерот Никола Груевски со лидерот на ДУИ Али Ахмети лично ја договорил амнестијата на хашките случаи, тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев. На денешната прес-конференција беа пуштени телефонски разговори од кои, како што рече Заев, ќе се видело колку била лажна патриотската маска на Груевски.

Денеска ќе слушнете каков политички измамник и манипулатор е Груевски. Од снимките што ќе ги објавиме на оваа прес-конференција ќе се уверите дека за да остане на власт, Никола Груевски ниту го интересираат македонските национални интереси во коишто тој се крсти пред граѓаните Македонци, ниту го интересираат законите, ниту го интересираат неговите соработници – од министри, до пратеници.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Денеска ќе слушнете каков политички измамник и манипулатор е Груевски. Од снимките што ќе ги објавиме на оваа прес-конференција ќе се уверите дека за да остане на власт, Никола Груевски ниту го интересираат македонските национални интереси во коишто тој се крсти пред граѓаните Македонци, ниту го интересираат законите, ниту го интересираат неговите соработници – од министри, до пратеници“, рече Заев.

Во два телефонски разговори, за кои Заев рече дека биле меѓу Груевски и тогашната координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, се слуша како машкиот глас инсистира тоа да се заврши што е можно поскоро, пред гласањето на новата влада.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00
Директен линк

„Машки глас: За хашките ќе мора мислење да побара од Влада, Трајко, таков бил деловникот.

Женски глас: Епа да. Мора.

Машки глас: И мора да дадеме мислење. Значи не може ако не го дадеме он да го пројде.

Женски глас: Да де, да.

Машки глас: Нашето мислење ќе биде округло па на ќоше, или ќе биде цитат на тој Закон или нешто така.

Женски глас: Како закон за амнестија.

Машки глас: Значи ни да ни не, него нешто колку да пратиме, нешто ќе биде.

Женски глас: Да де, да. Комисијата за... законодавно-правна, да си го донесе толкувањето.

Машки глас: Да.“

Од друг разговор меѓу заменичката во Министерството за правда, Билјана Бришкоска Бошковски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како што вели Заев, се слушало дека бил направен преседан со амнестијата за хашките случаи, поради што, тврди лидерот на опозицијата, и соработниците на Груевски не сакале да стават потпис на автентичното толкување.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00
Директен линк

На прес-конференцијата беше пуштен и разговор за кој се тврди дека е меѓу Јанкулоска и претседателот на собранието Трајко Вељаноски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:08 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00
Директен линк

„Женски глас: А бе јас баш ради тоа и ти се јавувам. Адеми ми рече дека овој за јазиците го потпишале и го доставиле закон.

Машки глас: Да, да, да. Па им го направивме, го потпишаа, го доставија. Сега им го дадов и за знамињата, и тој го потпишаа, и автентичното тоа.

Женски глас: Така. И значи све е у нашиот дел формално...

Машки глас: Со Индијанциве све е во ред. Е сега со македонскиве...

Женски глас: Ха ха, со нашиве...

Машки глас: ... македонскиве Индијанци утре што ќе правам, ха ха.

Женски глас: Ха ха ха. Сега со нашиве, ние... нивнава работа...

Машки глас: Со нашиве македонски Индијанци...

Женски глас: А бе што ти е проклетство, вака... Ај што им даваш нешто што нејќеш да им дадеш, мака ти е за тоа, ај што те критикуваат, а те критикуваат за нешто што и ти лично не се согласуваш со него, па уште треба и да им го сработиш... ко казнети да сме од Господ. Ха ха ха.“

Од телефонскиот разговор меѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и Јанкулоска, пак, Заев тврди дека се слушало како и двајцата избегнуваат да одат на собраниската седница на која се гласало за хашките случаи.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:19 0:00
Директен линк

Машки глас: Да бе, ме бараше Силвана и ја откачив.

Женски глас: Ја па не знаев, мене Иле ми се јави. Викам – добро, тука сум ама не можам одма да дојдам.

Машки глас: Јас измислив дека сум со детето на Нора, дека го чувам. Ха ха.

Женски глас: Ти добро си се снашол, па што не ми кажа, јас наивна...

Машки глас: Ама знаеш како ми текна... у секунда, немав време да ти кажам. Одма вртев, ама ти беше овакво... busy.

Женски глас: А бе јас, да ме бараше таа немаше да и кренам. Ама Иле Димовски ми сврте и јас, со него имам коректен однос. И ми вика: Горде у Скопје ли си? Да бе да, викам, дома, гледам телевизија. Ха ха. И вика: молим те, немаме кворум ова-она, а јас заборавив и дека сум пратеник...

Машки глас: Мхм.

Женски глас: И сега ќе се влечкам... не за друго, нејќам да гласам за тој закон.

Машки глас: И ја нејќам. Затоа и не отидов. Не ми беше тешко друго.“

Одговарајќи на новинарско прашање за истрагата за случајот Пуч во која е осомничен, Заев рече дека досега се покажало дека нема докази за насилство, а дека доказот на МВР за шпионажа бил писмо напишано на англиски јазик до Њујорк тајмс кое никогаш не било испратено.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:34 0:00
Директен линк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:47 0:00
Директен линк

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека Заев продолжува со спроведување на неговото сценарио за дестабилизација на Македонија и оти тоа сега веќе им е јасно и на најголемите поддржувачи на партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, улогата на Заев е да биде маша на странски центри кои имаат за цел нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед.

„Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали кои ги става во контекст којшто нему му одговара, со цел да предзивика забуна кај граѓаните. Самиот тој со овие прес-конференции потврдува кој се бил слушан и дека слушањето го правеле надворешни лица под патронат на странски центар“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата воедно ја потсетува јавноста дека Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него меѓу другите гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска Јани Макрадули и Никола Поповски.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG