Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-Заев продолжува со сценариото за дестабилизација


Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Од ВМРО - ДПМНЕ по денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев реагираат дека тој продолжува со спроведување на неговото сценарио за дестабилизација на Македонија и тоа сега веќе им е јасно и на најголемите поддржувачи на партијата. Според ВМРО ДПМНЕ, улогата на Заев е да биде маша на странски центри кои имаат за цел нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед.

„Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали кои ги става во контекст кој што нему му одговара, со цел да предзивика забуна кај граѓаните. Самиот тој со овие прес конференции потврдува кој се бил слушан и дека слушањето го правеле надворешни лица под патронат на странски центар“, се вели во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ.

ВМРО - ДПМНЕ воедно ја потсетува јавноста дека Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него меѓу другите гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска Јани Макрадули и Никола Поповски.

XS
SM
MD
LG