Достапни линкови

Киднапирани 30 Курди во Сирија


Припадници на Ал Каеда во Сирија киднапирале околу 30 Курди на контролен пункт во северозападниот дел на земјата, соопштија локалните власти. Мажите биле киднапирани додека патувале од градот Африн до Алепо и Дамаск.

Портпаролот на Партијата на демократската унија на Курдите, Неваф Халил изјави дека мажите биле киднапирани кога автобусите во кои се возеле биле запрани во близина на селото Дана во покраината Идлиб, која е под контрола на Ал Нусра, огранок на Ал Каеда. Милитантите на жените и децата им дозволиле да го продолжат патувањето.

XS
SM
MD
LG