Достапни линкови

logo-print

Франција ослободила киднапиран дански државјанин во Мали


Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Француските специјални сили ослободиле дански заложник, кој бил киднапиран од исламските милитанти во Мали 2011 година. Француската војска соопшти дека мисијата за спасување на Сјак Ријке била спроведена изутринава во северниот дел на земјата. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека некои од милитантите биле убиени, а други заробени за време на операцијата.

Ријке беше киднапиран од хостел во Тимбукту заедно со Јохан Густафсон од Шведска и Стивен Малком од Јужна Африка. Нема информации за другите киднапирани.

XS
SM
MD
LG