Достапни линкови

Адеми-Средбата со средношколците не зависи од бојкотот


Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска изјави дека во зависност од неговата агенда ќе може да се усогласи термин за средба со средношколците и оти тоа нема да зависи од тоа дали ќе ја бојкотираат наставата или нема. Тој воедно ги повика средношколците да се вратат во училишните клупи и да не користат вакви начини зашто не е добро ни за нив, ни за општеството, ни за државата.

На реакциите од Пленумот дека МОН е за нив недостапно, министерот посочи дека телефоните на сите институции се јавни, достапни и може во секој момент да побараат средба, а на прашањето како Средношколската унија успеала да договори средба со МОН, одговори - преку службите на Министерството.

XS
SM
MD
LG