Достапни линкови

logo-print

Заев: Груевски лично договорил хашките случаи да се затворат со амнестија


Ќе расветлиме уште едно лице на Никола Груевски, ќе симнеме уште една негова маска- најсаканата негова маска, маската на големиот патриот, изјави на почетокот на денешната прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев. Ќе слушнете каков политички измамник и манипулатор е Груевски, додаде тој. Од снимките што ќе ги објавиме ќе се уверите дека за да остане на власт, Никола Груевски ниту го интересираат македонските национални интереси, во кои тој се крсти пред граѓаните Македонци, ниту го интересираат законите, ниту неговите соработници- од министри до пратеници. Ќе слушнете како, рече Заев, без око да му трепне, Груевски ги фрла во оган најблиските негови соработници во владата и пратениците на ВМРО ДПМНЕ во парламентот, во коалициски пазари во кои неговата единствена цел е да ја обезбеди својата премиерска фотелја. Станува збор за периодот на зацврстување на владината коалиција ВМРО ДПМНЕ- ДУИ и за пазарот со хашките случаи во тие договарања. Лично Никола Груевски се испазарил со Али Ахмети за затворање на хашките случаи со амнестија. Груевски лично наредил, за тој да се заштити, целата постапка да ја префрли во парламентот, изјави Заев на почетокот на објавувањето на новата „бомба“ на опозицијата.

XS
SM
MD
LG