Достапни линкови

logo-print

Блокирани Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб во Турција


Турските власти го блокирале пристапот до Твитер, Фејсбук и ЈуТјуб, наводно поради објавувањето на слики од обвинителот, кој беше киднапиран од припадници на ултра-левичарската групација Револуцинерната народна ослободителна партија - фронт. Во јавноста немаше коментар од турските власти, но весникот Хуријет јави дека интернет провајдерите добиле наредба од обвинителството да ги блокираат сајтовите.

XS
SM
MD
LG