Достапни линкови

Порошенко не е против поголема регионална автономија


Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека тој не се противи на референдум со кој би им се овозможиле поголеми овластувања на регионите кои се наоѓаат во источна Украина. На протестите минатата година кога започна конфликтот во земјата беше побарано да се спроведе гласање со кое ќе им се даде поголема автономија на регионите во источниот дел. Таквите повици тогаш беа одбиени од властите. Но, сега според Порошенко, доколку парламентарната комисија одлучи оти таков референдум е потребен, тој нема да стои на патот на неговото спроведување.

XS
SM
MD
LG