Достапни линкови

logo-print

Темите поврзани со прислушувањето се најкоментирани на нашата интернет страница, но и на фан страната на Фејсбук.

Власта е фатена на дело со гаќите долу - коментира Марко Марко, еден од фановите на Фејсбук на Радио Слободна Европа по неделното интервју на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски за нашево Радио. Па додава дека најдобра варијанта за нив е ако „фатат гитла... ако сакаат да спасат жива глава, ако не, ќе завршат како Милошевиќ“.

Власта е фатена на дело со гаќите долу.

Ангел Арсовски смета дека власта „ја има фатено беснило од милијардите украдени и наместо да наведнат глава и да заминат, тие се силат, а со тоа силење ќе му пукне филмот на народот, ќе му влезе во Собрание и на клоци ќе ги изнесе, а поддржувачите на АД Грујо и компанија се сè помалку, никој не е улав да става глава в торба и да поддржува криминал и тоа докажан“.

Шпиони сте вие кои ја поддржувате Русија каде што ви го угостија српскиот шпион Вранишковски.

Мукрем Саитоски вели: „Не дај боже да си во нивна кожа“. Томе Цолевски, пак, мисли дека целата опозициска политичка активност е заснована исклучиво врз лични желби и дека народот исто мисли како власта и дека таа има силна поддршка од народот. Гујле Том му одговара: „Не бе, ние пиеме нафта и не разбираме СФАХИЛИ што се слуша на лентите“.

На Фејсбук-страницата на Радио Слободна Европа има коментари и по нашата информација дека Кабинетот на претседателот Иванов сè уште не соопштил дали тој ќе присуствува на Деветтомајската парада во Москва, па Нико Лов искористил да го нападне Радио Слободна Европа дека „Во шпионско радио само шпиони коментираат“, мислејќи на професор Денко Малески. Мустафа Исајлоски му одговара: „Шпиони сте вие кои ја поддржувате Русија каде што ви го угостија српскиот шпион Вранишковски“. Зоран Илиев извикува дека треба да се оди на парадата за да не „дозволиме да бидеме марионети на западните политички полноглавци“, но Снежана Николовска му одговара: „Па вие веќе сте марионети“.

По прилепската опозициска „бомба“ со која според лидерот на СДСМ се разоткриваат наводните активности на министерот Јанакиески на локалните избори, Лука Иванов на Фејсбук напишал: „Имаат ли душа овие - имаат ли памет? Луѓе фамилии ранат со тие кафичи што ги затвораат, казнуваат и уриваат, за корка леб се мачат, имаат ли намера овие утре да прошетаат по улица?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG