Достапни линкови

Средношколците бојкотираат настава


Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје.

Гимназија Јосип Броз Тито во Скопје.

Во речиси сите средни училишта се бојкотира наставата и покрај огромниот притисок и закана од некои наставници ,велат учениците, кои наведуваат и оти се соочуваат со големи притисоци.

Учениците од скопската гимназија Јосип Броз Тито утринава ја бојкотираат наставата. Пред влезот на училиштето мала група ученици кои беа излезени на појадок велат дека денешниот школски ден наместо на настава, ќе го поминат во училишниот хол, иако дел од професорите им вршат притисок предупредувајќи ги дека за тоа ќе добијат неоправдано отсуство. Тие велат дека планираат бојкотот да го одржат најмалку две недели, додека Министерството за образование и наука не одговори на нивните барања.

Ние бојкотираме, сепак не го напуштаме школото, седиме внатре. Во врска со притисоците, ние сме згрозени на кое ниво се спуштаат за да ги вршат.

„Нè предупредија дека ако не прекинеме со наставата ќе ни стават неоправдани и ние за инает седиме“, вели ученик од прва година, додека, пак, учениците од четврта година велат дека се одлучни во намерата да бојкотираат и нема да попуштат на притисоците.

Архивска фотографија: Протест на средношколците.

Архивска фотографија: Протест на средношколците.

„Ние бојкотираме, сепак не го напуштаме школото, седиме внатре. Во врска со притисоците, ние сме згрозени на кое ниво се спуштаат за да ги вршат.“

Веќе имаме информација дека на дел од родителите им се заканувале со казни од по две илјади евра според законот за образование, односно законот за задолжително запишување во средно образование.

„Професорите се обидуваат да вршат притисок со неоправдани, но гледаме да се справиме со тоа, бидејќи не се сите. Сепак, помала е бројката на тие што притискаат, а инаку учениците внатре прават алтернативни активности, прават уметнички и друштвени активности“, велат учениците од четврта година.

Професор Владо Димовски од Наставничкиот пленум вели дека се задоволни од тоа како се одвива бојкотот и оти скоро во сите средни училишта се бојкотира наставата. Учениците бојкотираат, но не и наставниците, вели Димовски, потврдувајќи дека директорите и институциите вршат големи притисоци кон учениците и родителите.

„Веќе имаме информација дека на дел од родителите им се заканувале со казни од по две илјади евра според законот за образование, односно законот за задолжително запишување во средно образование. Тие го злоупотребуваат тој закон сега и за вакви работи, така што дел од родителите се малку уплашени и учениците, но засега сме задоволно од тоа како се одвива бојкотот и покрај сите притисоци од Средношколската унија, од директорите на училиштата и од институциите“, вели Димовски.

Средношколскиот пленум денеска го започна бојкотот на наставата во училиштата поради, како што велат, игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука и одбивањето на министерот Абдилаќим Адеми да одржи средба со нив. Барања на Пленумот се стопирање на лошите реформи во образованието, односно враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање за учениците. Министерот Адеми најави дека неделава ќе одржи средба со учениците, но од Министерството денеска не добивме одговор кога би се одржала средбата.

Во насока на најавата на Синдикатот за образование наука и култура дека ќе го тужи Наставничкиот пленум, како што велат, поради незаконски дејствија против СОНК, Димовски вели дека за такво нешто нема никакви основи.

„Па малку е смешна таа најава на СОНК! За мене е тоа како некоја хумористична емисија. Нема никакви основи за што СОНК би тужел во оваа ситуација. Тоа не може да се спроведе според закон, ниту според статутот на СОНК, од проста причина што СОНК ги крши меѓународните конвенции и Уставот, бидејќи им забранува на своите членови здружување и членување во други здруженија на граѓани и интересни групи на што секој граѓанин има право“, вели Димовски.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG