Достапни линкови

Заев - бомба за лажниот патриотизам на Груевски


Денешната бомба на СДСМ ќе биде посветена на, како што објави на својот ФБ профил лидерот на СДСМ Зоран Заев, „лажниот патриотизам на Никола Груевски“.

Имено во просториите на Социјалдемократскиот сојуз во Скопје ќе биде одржана прес-конференција на која ќе бидат објавени телефонски разговори, за кои Заев неколку пати рече дека се прислушувани разговори под наредба на премиерот Груевски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев досега објави телефонски разговори, на кои според него, може да се слушнат разни изборни манипулации, местење на тендери на фирми, и злоупотреби на службена должност.

XS
SM
MD
LG