Достапни линкови

Јеменските бунтовници напредуваат и покрај воздушните напади


Јеменските бунтовници напредуваат кон вториот по големина град во земјата Аден и покрај единаесет дневните воздушни напади од коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Новинските агенции јавуваат дека шиитските Хути бунтовници се приближиле до центарот на градот. Во изминативе две недели во борбите за Аден меѓу бунтовниците и силите лојални на претседателот Абд Рабу Мансур Хади, според Обединетите нации, загинале над петстотини луѓе.

XS
SM
MD
LG