Достапни линкови

Амбасадорот на САД во Прага непожелен за чешкиот претседател Земан


Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека ја затворил вратата на неговиот кабинет за американскиот амбасадор во Прага поради неговите коментари во врска со намерата на Земан да присуствува во Москва на прославата на 70 годишнината од победата во Втората светска војна. Амбасадорот Ендрју Шапиро претходно изјави дека би било непријатно доколку Земан биде единствениот лидер од Европската унија кој ќе присуствува на прославите во Москва на 9 мај. „Не можам ни да замислам чешкиот амбасадор во Вашингтон да му дава совети на американскиот претседател каде да патува“, реагираше Земан.

XS
SM
MD
LG