Достапни линкови

Обама: договорот со Иран животна шанса


Американскиот претседател Барак Обама оцени дека рамковниот договор за нуклеарно разбирање со Иран е шанса која се дава еднаш во животот со цел да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје и да се постигне мир на Блискиот Исток. Во интервју за „Њујорк Тајмс“ тој додаде дека можните придобивки од договорот далеку ги надминуваат потенцијалните опасности. Претставници на Иран и на шесте светски сили на 2 април по неколкумесечни преговори постигнаа рамковна согласност за контроверзната иранска нуклеарна програма. Сега до 30 јуни треба да биде постигнат и финален договор.

XS
SM
MD
LG