Достапни линкови

Во Москва преговори за Сирија


Денеска во Москва ќе се одржат преговори меѓу претставници на сириската влада и на некои опозициски групи. Сириската национална коалиција која е поддржана од Западот соопшти дека нема да учествува на преговорите. Русија се обидува да игра значајна улога во посредувањето за постигнување мир во Сирија, но повеќето арапски земји го критикуваат Кремљ за политиката на Блискиот Исток, особено за поддршката на сирискиот режим.

XS
SM
MD
LG