Достапни линкови

Времето денеска: облачно со повремен дожд


Во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови. Минималната температура ќе биде минус еден степен, а максималната ќе достигне до 11 степени. Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена,кога утринските температури ќе се спуштат до минус три степени, а дневната утре ќе достигне до седум, а задутре до 10 степени.

XS
SM
MD
LG