Достапни линкови

Шестмина војници убиени во источна Украина


Шестмина украински војници денеска биле убиени во источниот дел на земјата во два одделни инциденти. Четворица украински војници загинале во источниот дел на земјата кога нивното возило било погодено од граната. Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилото било погодено додека се движело по еден мост североисточно од градот Донецк. Министерството ги обвини про руските сепаратисти за активирањето на експлозијата . Информативниот Центар на самопрогласената т.н. Луганск Народна Република ги негираше наводите за вклученост на нејзините сили во нападите.Во одделен ициден кој се случи еден час подоцна,украинско воено возило наишло на нагазна мина во близина на Мариупољ.Во експлозијата настрадале два украински војници, а еден е ранет.


XS
SM
MD
LG