Достапни линкови

Турскиот претседател во посета на Иран


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе отпатува во Техеран на разговорите на високо ниво и покрај неодамнешните тензии меѓу двете земји поради саудиското бомбардирање на Јемен.

Оваа посета беше претходно најавена, но некои ирански парламентарци минатата недела побараа да се откаже откако Ердоган јавно ја поддржа операцијата на саудиска Арабија против бунтовниците Хути во Јемен, кои се во сојузништво со Иран.

Во денешното соопштение, се наведува дека во вторник Ердоган ќе отпатува за Иран, каде ќе има средби со претседателот Хасан Рохани.

- Ќе се разговара за билатералните односи во сите димензии и ќе се разменат мислења за регионалните и меѓународните прашања, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG