Достапни линкови

Фенербахче побара прекин на шампионатот


Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ побара прекин на националното фудбалско првенство откако синоќа беше пукано врз нивниот автобус од страна на навивачи на Трабзонспор.„Се додека случајнот не биде разрешен на начин кој ќе ги задоволи јавноста и Фенербахче, сметаме дека фудбалското првенство треба да биде прекинато" - стои во соопштението на клубот.

Вчера нападот се случи по победата на Фенербахче против Ризе, откако тимот патувал од Ризе кон аеродромот во соседниот град Трабзон каде имале авион за Истанбул.

Во инцидентот е ранет возачот кој бил пренесен во болница, а ниту еден од фудбалерите не бил повреден.

Инцидентот беше осуден од претседателот Реџеп Таип Ердоган како и останатите фудбалски клубови во земјата.

XS
SM
MD
LG