Достапни линкови

Папата го пофали договорот со Иран


Папата Франциски денеска во Велигденската порака до католиците од целиот свет го пофали постигнатиот рамковен договор со Иран како шанса за посигурен свет и изрази длабока загриженост поради крвопролевањата во Либија,Јемен,Сирија,Ирак, Нигерија и други места во Африка.Традиционалната велигденска порака на Папатa изговорена од балконот на базиликата Св. Петар беше проткаена со претпазлива надеж.Папата претходно одржа миса на Плоштадот Св. Петар пред десетици илјади верници кои се собраа на силниот дожд.

На папата Франциско ова му е трета велигденска миса од изборите во 2013.

XS
SM
MD
LG