Достапни линкови

logo-print

Варуфакис и Лагард разговараат во Вашингтон


Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска во Вашингтон ќе се сретне со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, четири дена пред истекот на рокот во кој Атина треба да му врати пари на ММФ.

Според грчкото Министерство за финансии, двајцата функционери ќе имаат неформален разговор за програмата за реформи на грчката Влада.

Средбата се одржува во време на шпекулациите дека Атина можеби нема да успее да врати рата од 460 милиони евра на ММФ, ако биде принудена да избира меѓу исплата на плати за администрацијата и ММФ.

Грција се уште ги нема добиено преостанатите средства од програмата за спас на ЕУ и ММФ во вкупна вредност од 240 милијарди евра, затоа што Брисел бара прво да биде одобрен грчкиот ревидиран план за реформи.

Грчки официјални претставници меѓутоа тврдат дека Атина има доволно пари за исплата на ратите на ММФ.

XS
SM
MD
LG