Достапни линкови

logo-print

Ирак:странските борци ја прават потешка борбата против Исламската држава


Премиерот на Ирак Хајдар Ал Абади изјави дека Исламската држава нема да биде поразена ако екстремистичка група продолжи да регрутира странски борци. Тој за еден германски весник рече дека околу 57 проценти од борците на ИС се Ирачани, но дека тие не претставуваат проблем,зошто едноставно ќе избегаат кога ирачките сили влегуваат во градовите. Проблем се оние 43 отсто кои се странски борци, се идеолошки индоктринирани и имаат подршка надвор од границата, изјави Абади за Дер Шпигел. Тој рече дека доколку Исламската држава продолжи да регрутира борци од други земји , тогаш ниедна војска во регионот не може да се справи со нив.

XS
SM
MD
LG