Достапни линкови

Франција ја прекина потрагата за телата на патниците на Германвингс


Франција ја заврши потрагата по телата на жртвите во авионот на Германвингс кој се урна во француските Алпи,соопштија официјални претставници.Тимовите ќе продолжат само со потрагата по личните работи на жртвите.

Компанијата Луфханза ангажирала специјална форма која ќе работи на отстранување на остатотците од авионот. Ова работа треба да почне наредната недела и може да трае со месеци.

Според наводите на Обвинителството врз основа на податоците од црните кутии авонот намерно го урнал германскиот ко-пилот Андреас Лубитц. Посебната истрага укажа на ментални здравствени проблеми кои влијаеле врз 27-годишниот Лубитц намерно да го урне авионот.

XS
SM
MD
LG