Достапни линкови

logo-print

Иран продолжува со нуклеарната програма ако нема конечен договор


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Техеран би можел да продолжи со нуклеарните операции, ако Западот се повлче од договорот чија конечна верзија треба да биде готова во јуни. Тој изјави дека Иран ќе преземе соодветни мерки според договорот но и дека Иран може да ја врати својата нуклеарна програма ако другата страна не го испочитува договорот. Иран и шесте светски сили постигнаа рамковен договор за намалување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на западните санкции, а до 30 јуни би требало да се финализира спогодбата.

XS
SM
MD
LG