Достапни линкови

Пукано на фудбалерите на Фенербахче


Засега непознати лица пукаа на автобусот со фудбалерите на Фенербахче, при што е повреден возачот, потврдија претставниците на клубот.

Возачот се здобил со повреди на лицето и веднаш е префрлен во болница, изјави потпретседателот на клубот Махмут Услу, кој бил со играчите во автобусот за време на нападот.

Услу ги обвини напаѓачите дека се обиделе да го уништат автобусот и да ги убијат играчите.

Врз автобусот се испукани неколку куршуми.

ТВ станицата „Фенербахче“ јави дека припадниците на безбедносните сили, кои се наоѓале во автобусот, брзо ја презеле контролата врз возилото откако возачот бил застрелан и безбедно го запреле.

Никој од играчите не е повреден.

Нападот се случи синоќа, кога играчите се враќале во Истанбул после победничкото гостување во Ризеспор, каде победија со резултат 5:1

Тие тргнале кон аеродромот, во соседниот град Трабзон.

Нападот го осудија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и сите турски клубови

XS
SM
MD
LG