Достапни линкови

logo-print

„Бомба“ 17 на СДСМ: Криминалите на власта во Прилеп


СДСМ во Прилеп објави прислушувани разговори во кои, како што велат, станува збор за притисоци врз фирми и граѓани и други изборни измами што ги сториле претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО –ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Марјан Ристески затворале приватни фирми, угостителски објекти и кафетерии во Прилеп. Со леснотија делеле казни од неколку илјади евра, секоја фирма која што не одработувала за власта била на тапет. Власта вршела најдиректни злоупотреби, додека граѓаните едвај преживуваат, во еден од посиромашните градови во Македонија. Ова се дел од обвинувањата кои лидерот на прилепските социјалдемократи, Сашо Велески, денеска ги упати на адреса на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и владини претставници, на прес конференција на која што СДСМ ги презентираше снимките од 17-та „бомба“.

Во првата снимка, како што рече Велески, градоначалникот Ристески му се жали на Миле Јанакиески дека им е паднат рејтингот во Прилеп, а сите свои сограѓани ги именува со погрдни зборови.

Машки глас 1: Ало? Што правиш, стана?

Машки глас 2:Сега станав.

Машки глас 1:Што ќе ти велев...Паднат е рејтингот многу, бе човек во Прилеп.

Машки глас 2:Падна Прилеп море.

Машки глас 1:А?

Машки глас 2:Ништо не знам Марјан, денеска правиме нова, врат. Не ми се верува дека е така.

Машки глас 1:Не знам, веќе што да направиме.(пцовка) Тоазначи народов скроз специјалка е, не знам што да ти речам. Значи нешто друго треба да се прави во градов. Малку ги презаситивме, улици, едно-друго човек...веќе ко навика им е, ко така да преда да биди. Се научија на работа многу, нешто друго треба, у...

Во првите два, од сетот 4 снимени разговори кои беа презентирани, според Велески, градоначалникот Ристески измислува физички напад врз симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и бара од министерката Гордана Јанкулоска помош, лажејќи дека инцидентот е пријавен во МВР. Но, Јанкулоска потврдува дека никој физички не бил нападнат и таков настан не бил пријавен во МВР.

Додека 3 –от разговор меѓу министрите Јанкулоска и Зоран Ставрески, тврди Велески, министерката Јанкулоска вели дека градоначалникот Ристески е „тежок фолирант“, додека за Ставрески тој е „тотално нестабилен тип“`.

Женски глас:Да.

Машки глас : Ало, министерке како сте добри??

Женски глас:Добро Марјан, ти како си?

Машки глас: Добро еве, јас само да Ви пријавам инцидент имало во Прилеп.

Женски глас:Добро.

Машки глас :Овие од ЕС-ДЕ-ЕС штрајкувале и луѓе наши некои, врвеле со кола во болница. Стариот со бајпаси на срцето, детево го возело, ги извадиле, ги изначукале здраво, му влегле во штабот...

Женски глас:Нашиве се натепани?

Машки глас:Нашите натепани, да. Тие штрајкуваат на разни локации, и во близина имаме штаб ние, му влегле внтре, полицијава дремела. Овие му карале, му фрлале, ќе ве запалиме сосе штабот, мајмуни едни, исплашени децава. Запрепастени од полицијава, си стоеле на страна и ништо не реагирале.

Женски глас:Добро, полицијата не смее да реагира во таков случај, ама ако го пријвиле инцидентот ќе видиме.

Машки глас:Пријавен,пријавен е инцидентот, и тие апашите што мавтале точно ги знаат. Му велам:зошто не ги приведовте? Вика-ќе сносам прекршочна пријава.

Женски глас:Дисциплинска одговорност.

Машки глас:Дисциплинска одговорност...

Женски глас:Е па, Марјан, тоа е. Полиција нема овластувања како што имаше порано.Сега...

Машки глас:Ама...

Женски глас:Може да гледаат и да пишат пријава.

Машки глас: Ова не го очекував.

Женски глас: Но, независно, тоа си е законот. Ние ќе си пуштиме пријави сега.

Машки глас:Да, ама министерке едниот е познат криминалец, значи...

Женски глас:Штом ги знаат полесно ќе оди.

Машки глас:Едниот Лоло го викаат, другиот, како го викаа...Али Баба го викаа некако...

Женски глас: Абе, они во Прилеп, се знаат сите.

Машки глас: Пред 3 дена, Марјан....не бе општо е дисциплината опуштена, не е само тоа. Има и тоа влијание, ама и целата работа е за никаде. Марјан РИстески го викам за програмата, 20 минути касни на состанок.

Женски глас: Да бе, да.

Машки глас:Кога сум го запукал. (Пцовка )...викам, на што личи ова бе ти?

Женски глас:Тој Марјан да ти кажам е тежок фолирант станат. Се испостави после тоа, јас проверувам, нашите се карале со овие што протестираа и не ги претепале. Мислам пази...

Машки глас: Не, не. Тој е тотално нестабилен тип. И нема да мрднам за него за избори.

Женски глас:Викам, ти добро ги виде луѓево: Не, вика вака од кажување. Викам-дај не ме мести вака, од кажување. И така...мислам ептен, многу се нервирам со целава ситуација.

На прес конференцијата беа презентирани разговори во кои, како што рече Велески, министерот Миле Јанакиески бара од градоначалникот Ристески, список со фирми наводно блиски до СДСМ. А посебен интерес покажува за фирмата сопственост на Хари Локвенец, тогашен кандидат за градоначалникот од Прилеп.

„Ќе слушнете како се бара казнување, рушење на шанкови, тераси и постепено отворање на, како што вели Миле Јанакиески, војна таму степенесто да видат малку сила“, рече Велески.

Тој посочи на четвртиот сет разговори, во кои како што вели, министерот Зоран Ставрески го советува Марјан Ристески да не покажува слабост, туку сила.

„Внимавајте Ристески како да е навреден, па му вели на Ставрески дека не само што не покажува салбост, туку со хилти ќе ги ништел терасите од некои угостителски објекти и дека за таа суровост ќе кажувале телевизиите. Покрај Јанакиески и Ставрески бара список на фирми од Прилеп.

За Миле Јанакиевски и Марјан Ристески пак ништо нема свето. Ќе слушнете како се нафрлаат на отец Доситеј од манастирот св. Јован Бигорски, затоа што бил пријател со Хари Локвенец. Како Јанакиески се сити што успеал да ја казни фирмата во сопственост на Локвенец со 11. 000 евра“, рече Велески на пресот.

Машки глас 1:Слушај ми го советот, значи колку и да ти е тешко мораш сега да застанеш и да не покажеш слабост.

Машки глас 2:Ама не покажувам јас слабост.

Машки глас 1:Значи...

Машки глас 2:Јас (пцовка) денеска, летни бавчи му фрла...

Машки глас 1:Мора да покажеме сила и дека знаеме да ја контролираме состојбата и дека одиме до крај.

Машки глас 2:Ама летни бавчи, утре со хилти на еден му влегувам...

Машки глас 1: Ете така.

Машки глас 2::Ќе видиш. По телевизии ќе кажуваат.

Машки глас 1:Така, така.

Машки глас 2::Не ги оставам така да дишат. (пцовка)

Машки глас 1: Сега на власт треба да се стапни, и кај што има и фирма ќе им кажеш кој се.

Машки глас 2:: И Ве молам, со Миле, дајте раководители да си кладиме во инспекторативе. Не ја бидува работава.

Машки глас 1: Еве ти, размислувај за имиња, уште сега ти кажувам. Ајде кога ќе дојдеме...

МР:Не бидува вака со комуњари инспектори.

Машки глас 1:Не бива, не бива...

Машки глас 2::Не ја бидува....

Машки глас 1: Не е битно и комуњари да се и наши што не ја работат работата, треба да се менуваат. Во подрачните треба 90% нови луѓе.

Машки глас 2::Мора, мора.

Машки глас 1:Све ова ќе о изразговараме кога ќе дојдам таму. Ти подготви материјал.

Машки глас 2:Јас прибирам информации, ќе ги сублимирам информациите и ќе Ви кажам што е направено во прилеп.

Машки глас 1:Фирмите те молам, ми требаат. Кој и како играл.

Машки глас 2::И Фирмите и фирмите. Значи топ стапнување на врат најздраво што може да биде.

Машки глас 1:Е така. Ти само дај ми мене...

Машки глас 2:Ќе соберам информации, ќе Ви кажам за се.

Машки глас 1:Договорено. Ајде не си сам, ќе ја завршиме работата. Терај.

Машки глас 2: Поздрав, фала.

Машки глас 1: Поздрав.

На прес конференцијата во Прилеп, беа презентирани вкупно 15 снимени разговори, а Велески ги повика сите граѓани да покажат решителност и храброст за да му кажат отворено „НЕ на режимот на Груевски.

Лидерот на опозиционата СДСМ, Зоран Заев којшто им се придружи на прилепчани на маршот по булеварот „Гоце Делчев“, потоа и се обрати на прилепската јавност. Од Прилеп, градот со херојски дух, во којшто пукна првата слободарска пушка, како што рече, ја испрака пораката за „Вистината за Македонија“. Тој уште еднаш посочи на, според него, криминалот на режимот на Груевски. А, им се обрати и на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас ја почитувам вашата верба, идеологија, партиска определба.Вие не сте можеле да знаете што прави врхушката на власта, сите овие години. Јас не можам од вас да барам да скршнете лево, ако имате десна политичка определба, но, ве повикувам да се ослободите од „рак-раната“што ја јаде вашата партија, да се ослободите од „рак-раната“, којашто пострашно од се, ја уништува нашата Македонија. А, ќе дојде време, утре-задутре повторно ќе бидеме на спротивставени страни, но ќе водиме фер натпревар исклучиво во интересите на нашата Македонија“, порача Заев од Прилеп.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG