Достапни линкови

logo-print

Груевски: Заев прави грешка што сака да ја наруши соработката со Израел и Кина


Опозицијата секоја недела прави се поголеми и поголеми грешки, а неделава ја обвинија Народна Република Кина и Државата Израел дека влегле во коруптивни договори со македонската Влада со што свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски на народниот собир што се одржува во спортската салата на медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово.

- Секоја недела по уште една нова штета за нашата држава. И ај што ги слушавме како креираат лаги против секој од нас на најбрутален начин, ставајќи ги во измислен контекст своите прес-конференции, пред некој ден направија огромна, сериозна грешка и голем удар за државата. Може да се прават сега недоветни и да се бранат колку сакаат, но тоа што го направија е рамно на велепредавство, обидувајќи се да наштетат на нашите безбедносни институции, да ги загрозат нивните позиции, да ја уништат соработката и партнерството со земји кои со децении наназад ни помагаат во различна форма, прецизира Груевски.

„Марионети во туѓи раце, а покажувате гнев и омраза“, рече Груевски обраќајќи и се на опозицијата. „Се жалите дека во Македонија нема медиумска слобода, а вие не сте симнати од екраните“, рече тој.

Вториот говорник на трибината во Тетово е министерот за надворешни работи Никола Попвски.

Тој во својот говор истакна дека четвртиот народен собир на партијата кој како што го нарече се случува во срцето на Македонија – Тетово.

- Тие зборуваат за храброст и патриотизам. На овие теми можеме да дадеме многу одговори и да кажеме дека никој нема ексклузивност над овие теми. Но, доушништво и прислушување не е ниту храброст и во тоа сме согласни сите – рече Попоски.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ одржа народни собири во Скопје, Битола и Штип.

XS
SM
MD
LG