Достапни линкови

Рама и Тачи на свеченост во Улцин


Неколку стотици луѓе се сообраа денеска пред зградата на општината на Улцин во Црна Гора за да го поздрават доаѓањето на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот вицепремиер Хашим Тачи кои се проглaсени за почесни граѓани на тој црногорски град.Улцин денескa го слави денот на општината,а на свечената седница покрај Рама и Тачи присуствува и претседателотна Црна Гора Филип Вујановиќ,јавија медиумите.
Одлуката за прогласување на Рама и Тачи за почесни граѓани ја донесе претседателот на општината Фатмир Дека по консултациите со албанските национални партии.

Улцин е најужниот црногорски град во близина на границата со Албанија

XS
SM
MD
LG