Достапни линкови

Ирак:Абади нареди приведувања на бандите во Тикрит


Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади, им нареди на безбедносните сили да ги приведат сите оние кои ќе го прекршат законот во градот Тикрит, 140 километри северно од Багдад. Ирачката армија и полиција ја врати контролата врз родниот град на Садам Хусеин, на 1 април, по борбите против борците на Исламската држава.По победата беа пријавени случаи на грабежи од домовите.Канцеларијата на премиерот, објави дека Абади побарал приведување на било кое лице кое врши такви дела.Абади изјави дека спроведувањето на законот е од суштинско значење со цел да се врати животот во покраината, која од милитантите беше окупирана од јуни 2014 година.

XS
SM
MD
LG