Достапни линкови

Денеска состанок на Советот за безбедност на ОН за Јемен


Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне се состанува на разговори за кризата во Јемен. Русија повика на консултации зад затворени врати за нејзиниот предлог за хуманитарна пауза во Саудиските воздушни напади врз земјата. Секретарот за хуманитарни прашања, во ОН Валери Амос, изјави дека во насилствата во Јемен во изминатите две недели загинале околу 519 луѓе, меѓу кои 90 деца, и дека десетици илјадници бегаат од своите домови. Саудиска Арабија е водечка коалиција на арапските држави во воздушната кампања против шиитските бунтовници кои зазедоа поголеми делови од Јемен. Бунтовниците продолжуваат да напредуваат и покрај воздушните напади во изминатите две недели.

ОН го подржуваат претседателот на Јемен Абд Рабу Мансур Хади кој поради напредувањето на бунтовниците побегна во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG