Достапни линкови

logo-print

Белата куќа е убедена во постигнување финален договор со Иран


Белата куќа е убедена дека деталите на договорот за намалување на нуклеарната програма на Иран може да се постигнат. Портпаролот на Белата куќа изјави дека претседателот Барак Обама вчера разговарал со четворица врвни лидери во американскиот Претставнички дом и Сенатот за рамковниот договор, кој беше постигнат на 2 април меѓу Иран и шесте светски сили во Швајцарија. Договорот претствува основа за конечен договор што треба да биде постигнат до 30 јуни. Обама, исто така, разговарал за договор со лидерите на Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Во меѓувреме, иранскиот претседател Хасан Рохани , во телевизиското обраќање, го поздрави договорот како "прв чекор кон продуктивна интеракција со светот."

XS
SM
MD
LG