Достапни линкови

Луганск ќе издава посебни пасоши


Регионот Луганск во источна Украина.

Регионот Луганск во источна Украина.

Самопрогласената Народна Република Луганск соопшти дека ќе започне со издавање пасоши на жителите на реоните кои се под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Според советот на министри на бунтовниците од Луганск, потпишан е декретот со кој се дозволува издавањето пасоши.

Во декретот е наведено дека сите пасоши ќе бидат на руски јазик и достапни за лицата над 16 години. Декретот ќе стапи на сила на 21 април. Територијата која е дел од покраината Луганск беше самопрогласена од проруските бунтовници во април минатата година.

XS
SM
MD
LG