Достапни линкови

Министерот за надворешни работи на Белгија во посета на Македонија


Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, в понеделник ќе престојува во официјална посета на Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Како што соопшти МНР, Рејндерс освен со Попоски ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. Според МНР, посетата е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план.

XS
SM
MD
LG