Достапни линкови

logo-print

Во лизгање на земјиште во Таџикистан загинаа 10 луѓе


Во лизгање на земјиштето во главниот град на Таџикистан, Душанбе загинаа најмалку 10 лица. Комитетот за вонредни ситуации соопшти дека трагедијата се случила во реонот Фаизабад, на околу 50 километри оддалеченост од градот. Десетици жители на селото Јакабеди биле заробени во нивните домови и затрупани со кал. На почетокот на февруари годинава од големите врнежи од снег во Таџикистан загинаа неколку лица.

XS
SM
MD
LG