Достапни линкови

Средба Попоски-Коѕиас следната недела во Будимпешта


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Грчкиот и македонскиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и Никола Попоски ќе остварат средба следната недела во Будимпешта на маргините на состанокот за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа. Грчкото Министерство за надворешни работи, соопшти дека Коѕиас во понеделник ќе замине во Унгарија.

Попоски минатиот месец се сретна со неговиот грчки колега, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, во Рига.

XS
SM
MD
LG