Достапни линкови

logo-print

Втората црна кутија на Германвингс доказ за намерно уривање


Слика од втората црна кутија на авионот на Германвингс.

Слика од втората црна кутија на авионот на Германвингс.

Француските истражители соопштија дека втората црна кутија која беше пронајдена во остатоците на авионот на Германвингс, кој се урна во Алпите е дополнителен доказ оти копилотот Андреас Лубиц намерно ја предизвикал несреќата во која загинаа сите 150 патници. Според соопштението, податоците од црната кутија покажуваат дека Лубиц го користел подесувањето на автоматскиот пилот со цел авионот да биде на странична линија на надморска височина од 100 метри и ја зголемил брзината на неговото паѓање.

XS
SM
MD
LG