Достапни линкови

Русија бара да се укинат санкциите за Иран


Шефот на рускиот преговарачки тим, Сергеј Риабоков.

Русија повика на брзо повлекување на санкциите против Иран, вклучувајќи го ембаргото за оружје, по постигнувањето на рамковниот договор за нуклеарната програма на Техеран. Шефот на рускиот преговарачки тим, Сергеј Риабоков изјави во Лозана, Швајцарија каде се водеа преговорите дека рамковниот договор го отворил патот за сеопфатен договор. Според него, санкциите на ЕУ и на САД против Иран се незаконски и треба да се укинат што поскоро.

XS
SM
MD
LG